Македонија ЦУК

Регистрирани неколку пожари на отворено изминатите 24 часа, вкупно 1 643 повици на 112

Регистрирани неколку пожари на отворено изминатите 24 часа, вкупно 1 643 повици на 112

ентарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие биле регистрирани неколку пожари на отворен простор.

– Пожарникари од ТППЕ Битола вчера од 12:00 до 12:45 часот гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Смолево, општина Битола. Пожарникарите од ТППЕ Струмица од 18:15 до 19:58 часот гаснеле запалено спортско игралиште во село Борисово, општина Струмица. Од 16:15 до 17:50 часот пожарникари одТППЕ Гевгелија гаснале запалена депонија над населба Карпош во Стар Дојран, општина Дојран, а од 17:50 до 19:40 часот пожарникари од ТППЕ Гевгелија гаснеле запалена ниска вегетација и дрва во село Николич, општина Дојран. Пожарникари од ТППЕ Македонски Брод од 9:58 до 15:10 часот гаснале дива депонија во атарот на село Девич, соопшти ЦУК.

Оттаму информираат дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 643 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, од нив „реални“ повици биле 55,20 отсто, а 44,80 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 58,89 отсто, кон Итната медицинска помош 26,48 отсто, кон пожарникарите 3,16 отсто, а кон АМСМ 0,40 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 764 повик за итни случаи на 112 за во ЦУК.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top