Министерството за траснпорт и врски објави дека по верификацијата на пратеничкиот мандат на досегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, се до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи.
Во овој период, согласно законските прописи, заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството.