Македонија Ултиматум

Реџепи: Би го поддржал барањето на ВМРО-ДПМНЕ, под услов сите денеска да одлучиме за Уставни промени

„Верувам дека согласноста ќе биде околу мај, но она што за мене е најважно е да успееме да вметнеме евроинтеграциски договор и одлука за Уставни промени, што не верувам дека има таква спремност“.

Реџепи: Би го поддржал барањето на ВМРО-ДПМНЕ, под услов сите денеска да одлучиме за Уставни промени

Не очекувам некој драстична промена или одлука од денешниот состанок од причина што има дијаметрално-спротивни ставови и околу изборите и околу изборниот законик, истакна пратеникот и претседател на партијата „Народно движење“, Скендер Реџепи, пред лидерската средба во Собрание.

-Меѓутоа барањето евентуално на ВМРО-ДПМНЕ за да биде отстранета техничката влада би го поддржал бездруго, под услов првенствено сите денеска да одлучиме за Уставни промени, со тоа што ќе одиме на нови избори со уставни промени за една европска Македонија, вели Реџепи и додава:

„Верувам дека согласноста ќе биде околу мај, но она што за мене е најважно е да успееме да вметнеме евроинтеграциски договор и одлука за Уставни промени, што не верувам дека има таква спремност“.

To top