Македонија

Реакција од МО и од Генералштабот на АРМ во врска со започнувањето на пожарот кај Пепелиште

Реакција од МО и од Генералштабот на АРМ во врска со започнувањето на пожарот кај Пепелиште

Министерството за одбрана Генералштабот на АРМ ги демантираат изнесените информации, односно непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на с. Пепелиште.

Имено, припадниците на Армијата односно питомци кои се наоѓаат во Центарот за обука ,,Пепелиште” се први кои се вклучија во борбата со пожарот.

-Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП „Криволак“ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата.

Питомците заедно со останатите армиски припадници до доцните вечерни часови помагаа во гаснење на пожарот и истите продолжија и денеска да го гаснат пожарот на терен и од воздух, се вели во соопштението.

Најнови вести од Македонија

To top