Македонија

Разрешувањата на Меџити и Алиу утре на собраниска седница

Претходно, од Владата соопштија дека техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши Меџити и Алиу.

Разрешувањата на Меџити и Алиу утре на собраниска седница

Собранието утре ќе расправа за разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу, соопштија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

-Материјалот од Влада е примен, службите го разгледуваат по што ќе биде доставен до сите пратеници. За предлогот за разрешување на министерот за здравство и на министерот за информатичко општество и администрација ќе се расправа на првата наредна седница на Собранието, односно утре, петок 9.02.2024, посочија од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Претходно, од Владата соопштија дека техничкиот премиер Талат Џафери доставил допис до претседателот на Собранието Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши Меџити и Алиу.

Џафери доставил и допис до Митрески, согласно наведениот член од Уставот, Собранието да ги избере Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

Барањето за смена на Меџити и на Алиу доаѓа откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди со албанската опозиција, додека крилото на АА предводено од Зијадин Села најави дека на изборите за пратеници на 8 мај, АА треба да настапува самостојно.

Најнови вести од Македонија

To top