Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега. Наќе Георгиев и Иџет Мемети, од кои едниот беше член на Судскиот совет, а другиот заменик претседател на Советот на јавни обвинители не се единствените кои треба да одговараат. Тие го земалe поткупот и извршиле притисок, а по нивиот притисок постапиле и други судии и обвинители, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Одговорност и разрешување мора да има и за судијата и обвинителот во случајот со Боро Марлборо, тие не се достојни да ја извршуваат функцијата, а институциите да откријат дали и кај нив завршиле дел од парите.
Целиот систем е трул. Одговорност мора да има и за Пајазит Пајазити кој прифати Иџет Мемети да помине со условна казна, иако признал дека земал мито и влијаел на судски одлуки. Што требал Мемети повеќе да направи за да добие затворска казна?
Истиот тој Пајазит Пајазити е судијата кој го пушти во куќен притвор Блерим Рамадани за да може да избега.
Очигледна е спрегата и корумпираноста на Наќе Георгиев, Иџет Мемети и Пајазит Пајазити, но и сите луѓе кои тие ги назначувале, а се судии и обвинители. Затоа е потребно целосно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Ако остане вака народот целосно ќе ја изгуби довербата во судскиот систем.