Лошите резултати и намалениот рејтинг на Левица во Велес доведоа до голема расправија. Жестока кавга, како што дознаваме од извори блиски до огранокот на Левица Велес, се случила помеѓу Димитар Апасиев и Димитар Абрашев.
Абрашев заминува од Левица, а за тоа потврда даде и преку социјалните мрежи.
-После 5 години Модератор т.е одговорен за огранокот на Левица во Велес од ПРИНЦИПИЕЛНИ ПРИЧИНИ си поднесов оставка. Како Модератор, но и Координатор на советничката група на Левица, заедно со останатите двајца советници го дадовме максимумот, се во интерес на жителите на Велес. Го сослушавме секој што ни се обрати, пробавме да помогнеме на секој што побара помош и верувам дека за голем број од нив успеавме, поднесовме стотина иницијативи, барања и предлози, го актуализиравме секој проблем во општината за кој многумина немаа храброст да помислат, а камоли да кренат глас! Во изминатите 5 години заедно со јадрото на огранот функциониравме како еден компактен ТИМ, тоа го потврдуваат резултатите! Огранокот во Велес за многу луѓе беше вистински пример како треба да функционира! Огранок кој ги остваруваше најдобрите резултати! За крај сакам да се заблагодарам на сите кои во изминатиот период ни ја даваа поддршката и свој придонес, затоа што секој од нив беше важен за постигнување на нашиот заеднички успех, стои во неговата објава.
Наводно во расправија вклучен бил и советникот Игор Смилев кој подолго време имал недоразбирање со координаторот Абрашев. Според истите извори, Смилев одработил за себе, па ќе ја предводи советничката листа на Левица во Велес.