Македонија Малешевија

Рај за очи и душа: Ловен дом Берово – новата рурална приказна која ќе посакате да ја доживеете

Во блиска иднина планираме и да се направи хотел, каде што ќе можат да бидат сместени повеќе гости и сето ова да се заокружи како една целина, раскажува Антонио.

Рај за очи и душа: Ловен дом Берово – новата рурална приказна која ќе посакате да ја доживеете

За гостопримливоста и љубезноста во Малешевијата знаат речиси сите и секој кој имал можност го посетил овој крај полн со природни убавина, шуми, езеро и чист воздух.

Берово се наоѓа на 846 метри надморска височина и е опкружено со богатство од букови, борови и дабови шуми. Во текот на летото е полно со гости, а во зима е честа викенд дестинација и бегство од градските магли, особено за граѓаните на главниот град, но и пошироко. Овој предел не е тајна ниту за странските туристи кои често се воодушевуваат и уживаат во природните убавини, но и во вкусот на храната.

agrotim.mk

-Овојпат ве носиме во Ловен дом во Берово, каде има сместувачки капацитети и ресторан кој плени со традиционална македонска храна, но и локални подготвени јадења кои се произведени или направени од вредните раце на малешевските домаќинки и се разбира четирите готвачи во ресторанот. Се нуди и интернационално и домашно мени со месо и скара, како и дивеч, а нема да ви недостигаат ниту традиционалното и широко познато беровско сирење, баница, како и пинџур и ајвар направени по домашен рецепт. На крај следува традиционалната бабина торта која е препознатлива за овој крај, пишува АГРОТИМ.

Ловен дом Берово нуди и несекојдневно искуство за најмалите, кои можат да ги видат малите срнички за кои се грижат вработените, а сега започнува и новата програма со јавање на коњи, бидејќи капацитетот нуди и вакво доживување по беровските планини.

„Иако постои одамна, сепак долго време Ловниот дом во Берово не работеше. Откако еден од сегашните сопственици, кој живее и работи во Скопје со уште двајца други партнери го земаа објектот под концесија, од пред година ипол во комплетно реновиран ресторан започнавме со работа и повторно ја надополнуваме беровската идила“, раскажува за Агротим менаџерот на хотелот, Антонио Арнаутовски.

Агротим: Што нудите за вашите гости?

-Покрај вкусната храна и сместувањето, имаме и одлични понуди за прошетка низ овој крај. Сега ги донесовме коњите, на километар и половина е одалечен ранчот од ресторанот. Тие ни се најнова атракција и со нив може да се шета низ шумата. Од април годинава ги имаме и срните и елените. Тие се одлични пријатели за најмалите гости. Понатаму, покрај услугата во ресторанот и сместувањето, правиме џип тури, оф роад тури, возење со велосипед, прошетки во природа. Ние сме во Берово, но сме на периферија, блиску сме до шумата и сето тоа не прави посебни во поглед на планинарскиот туризам, вели Антонио.

agrotim.mk

Агротим: Што понатаму, дали се планира проширување на бизнисот?

-Да секако. Најново ни е тоа што купивме 10 коњи и веќе започнавме со тури јавање со коњи. Организираме пикници, прошетки во природа, посети на планинарските врвови со водич, имаме тури со џипови, со велосипеди, патем велосипедите се бесплатни за нашите гости, а сега имаме и наш ранч со коњи. Во блиска иднина планираме и да се направи хотел, каде што ќе можат да бидат сместени повеќе гости и сето ова да се заокружи како една целина, раскажува Антонио.

 

Целото интервју можете да го прочитате на АГРОТИМ, каде има и повеќе фотографии.

Најнови вести од Македонија

To top