Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со новоназначените директори на Управата за јавни приходи Елена Петрова и на Царинската управа Бобан Николовски.
„Ова е прва средба што ја одржуваме со првите луѓе на УЈП и Царината како клучни институции во прибирање на приходите во Буџетот. Ги поставуваме основите на работа и начинот на меѓусебна соработка со цел ефикасно прибирање на приходите и ефикасно управување со парите на граѓаните“, рече министерката за финансии.
На средбата заеднички е констатирано дека најзначaјно е подигнување на институционалните капацитети, вложување во човечкиот капитал и дигитализација на процесите. На таков начин ќе се постигне ефикасност во работењето, испорачување на квалитетни услуги кон граѓаните и бизнисот и повисоки стапки на економски раст.