Македонија еден приведен

Пукање на семејна веселба во Брвеница, проектилот завршил во соседството

Притоа нема повредени лица, извршен е увид, а 43-годишникот е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Пукање на семејна веселба во Брвеница, проектилот завршил во соседството

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовскoто село Брвеница лишиле од слобода 43-годишник од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. и причинил оштетувања на дел од објектот. Притоа нема повредени лица, извршен е увид, а 43-годишникот е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

-Сeкторот за внатрешни работи Тетово со апел и потсетување до граѓаните дека самоволно пукање со огнено оружје на свадбени или други семејни свечености е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и дека глобата за овој прекршок, согласно членот 31, се движи од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува глобата согласно член 32 од истиот закон и за неовластено приредување огномети, факелијади и слични приредби. Во зависност од околностите и крајните последици, пукањето со огнено оружје може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за што според член 288 од Кривичниот законик предвидена е казна затвор од шест месеци до пет години, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата на граѓаните им советува и задолжително да ги пријавуваат огнометите во најблиските полициски станици или одделенијата на подрачјето каде што се организираат, во зависност од нивната категорија, а организаторите навреме да ги спроведат сите превентивни мерки за заштита на животот и имотот на сите присутни на свечености, но и воопшто. Потсетуваат дека СВР Тетово без исклучоци ефикасно ќе ги санкционира ваквите прекршоци со изготвување на соодветни поднесоци и со преземање на законски предвидените мерки.

To top