Од јавниот сервис ја потврдија информацијата дека сите кандидати за шеф на државата ја прифатиле поканата за дебата.
Првото и единствено предизборно соочување на сите седуммина кандидати за претседател на државата ќе се одржи вечерва на МРТ 1.
Соочувањето ќе се емитува од 20 часот на првиот канал.
Последен што го потврди своето учество беше актуелниот шеф на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски.