Пред големиот празник Илинден, претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на пет лица.
Одлуката е објавена во Службен весник.
Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица:
Андреј Методија Мојсоски од с. Селце
Миран Латиф Исмани од с. Слатино
Делумно пак се ослободуваат три лица:
Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци
Ванчо Делче Кржовски од Пехчево, во траење од 2 месеци
Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци
Ова е прво помилување на осудени лица од страна на претседателката Сиљановска Давкова.