Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја оствари првата средба со Ами Ларсон Џеин, амбасадорка на Кралството Шведска.
Гаши изрази голема благодарност до Шведска за континуираната поддршка на нашата држава за полноправното членство во Европската Унија, и рече дека очекува оваа поддршка да продолжи и понатаму.
Во насока на добрата соработка е и ратификувањето на протоколот за пристап на Шведска во НАТО. Во очекување е и формирање на парламентарната група за соработка на нашето Собрание со Шведскиот парламент во новиот парламентарен состав.
Шведската амбасадорка од своја страна се заблагодари за поддршката за членството во Алијансата и ја потврди натамошната посветеност на зајакнување на меѓусебните односи.
Двете страни беа одлучни дека ќе продолжат одличните билатерални односи и бројните развојни проекти.