Советот за граѓански надзор во Собранието, денеска (26 март 2026 година), со почеток во 13:00 часот, Сала 6, ќе ја одржи Првата седница на Советот за граѓански надзор.
Седницата се свикува врз основа на Законот за следење на комуникациите („Службен весник на РМ“ бр. 71/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 108/19 и 154/23), како и Одлуката за избор на претседател и членови на Советот за граѓански надзор („Службен весник на РМ“ бр. 34/26).
На дневниот ред на седницата се предвидени точки кои се однесуваат на утврдување на условите за работа на Советот, како и разгледување на други прашања од негова надлежност.