Македонија Новогодишниот базар ќе биде отворен до сабота

Прв Новогодишен базар во Прилеп

Од денеска до сабота на плоштадот пред Градскиот саат во центарот на Прилеп за првпат ќе се одржува Новогодишен базар. Локалната самоуправа во соработка со „Слоуфуд“ од Прилеп се организатори на Базарот.

Прв Новогодишен базар во Прилеп

-Имаме 30-тина изложувачи на овој прв новогодишен базар кој е по примерот на големите градови во регионот и пошироко. Изложени се разни производи од млеко, месо, пчелни, ракотворби, слатки мали нешта и сѐ што може да се најде како подарок за празниците на најблиските. Овие три дена понудата ќе биде зачинета и со настапи на локални бендови кои ќе изведуваат празнична музика, ќе има забавни игри и сето ја прави предновогодишната атмосфера, рече Снежана Ристеска, советник за култура при прилепската локална самоуправа.

МИА

На Базарот се и производители од целиот Регион со што се поттикнува локалната економија.

– Целта е да се види што сѐ умешно се произведува, да се поттикнат малите локални производители и да се понудат производи по „мерка“ на граѓаните. Убаво искуство за нив, а големо задоволство за граѓаните да вкусат домашни специјалитети, да се забавуваат во ведро расположение, рече Тодорка Наумоска Димески, лидер на „Слоуфуд“-Прилеп.

Новогодишниот базар во Прилеп ќе биде отворен до сабота, 30 декември.

Најнови вести од Македонија

To top