Македонија сдсс и јон во нов постконгресен атак врз курир

Прв ден по конгресната пародија: СДС му се врати на она на „С“

И бадијала осудите од АВМУ, ЗНМ, МАН, ССНМ и сиот нормален свет, Јон, кој многу да ти грешел во младоста, ги наброја Курир, Алфа, Денешен, Економски, Вистина и Република како некаков си дел од „Медиумски октпод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија“, како што им гласи неписмениот наслов (ОКТПОД) на прес-конференцијата. 

И пак, седнати на два стола. Ни риба, ни девојка. Ни СДСМ, ни СДССМ. Решете се „нови“ дечки, или Македонија или она на „С“ што сами го наметнавте. Второто подобро ви прилега, СДССМ исто.

Прв ден по конгресната пародија: СДС му се врати на она на „С“

Прв ден по конгресната пародија со боливудско сценарио и уренебесен настап на „лидерот“ Венко против „предавниците“ од СДС и ВМРО и „Си СДСМ или не си“ вокабулар со кој Филипче наликуваше на БЦ од Тему, СДС си се врати на корените. На она на „С“.

По лошиот обид за глумење патриотизам, кој на Филипче и неговата свита не им прилега и поради кој наликуваат на „слон во во пижами“, СДС реагираше експресно со својата прва пушка Јон Фрчкоски, деклариран корисник на кокаин, за да, БУКВАЛНО, го обели образот на напатениот Венко. А тој, да ти можел да му го обели само носот. И тоа на кратко, потоа пустиот да ти зацрвенувал. И Јон во фазон на „лидерот“ Филипче, кој удри по „предавниците“ од СДС и од ВМРО, удри по некого. А, по кого друг, ако не по медиумите?

И што ново кажа Јон, самодекларираниот шмркач на „бело“, веднаш по конгресот? Со што ја потресе нацијата? Какви фрапантни информации извади?

Вести нови како ланскиот снег. Нов куп стари шпекулации за тоа колку лошите „вмровски“ медиуми ги мразеле, колку тие биле убавки и умни, синокрвни башка, дека сите ги мразат, та „државотворност“ низ вените им тече, дека не бива така, дека со тоа, замисли,  сме се одалечувале од ЕУ. Ако не верувате, прашајте го синокрвниот Венко со „државотворност во вените“, советник на Тодоров и министер на Заев, лојален есдесовец. До првата кривина. И така, пошто на Филипче премногу му се тресеа рачињата во саботата, а гласот му варираше во 4 октави, сега на неговото место ускокна наследникот на тепачот на жени по паркинзи (доказ во МВР), кој срочи:

„Се создава мрежа на авторитарни влијанија која ја оддалечува Северна Македонија од Европската Унија, ја поткопува медиумската независност“ истресе крајно кредибилниот момак сликан како шмрка кокаин по работни бироа.

И бадијала осудите од АВМУ, ЗНМ, МАН, ССНМ и сиот нормален свет, Јон, кој многу да ти грешел во младоста, ги наброја Курир, Алфа, Денешен, Економски, Вистина и Република како некаков си дел од „Медиумски октпод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија“, како што им гласи неписмениот наслов (ОКТПОД) на прес-конференцијата. 

И пак, седнати на два стола. Ни риба, ни девојка. Ни СДСМ, ни СДССМ. Решете се „нови“ дечки, или Македонија или она на „С“ што сами насила го наметнавте. Второто подобро ви прилега, СДССМ исто.

Се гребат пустите, пуштаат абер и „непристоен предлог“ кон странците. Ова со верглањето на она на „С“ е есдесовски СОС, абер за помош со кој лелелкаат – Алоооо, тука сме, послушни, безрбетни и услужни ко и секогаш, се’ ќе направиме за да дојдеме на власт, аман, тргнете ги ВМРО, се’ ќе сториме, се’ што треба и не треба, сервилно, коленичарски, проверено и докажано!

И, искрено, благодариме што не спомнувате. Не заборавивте и баталивте, па помисливме дека сме застраниле во некоја сдсмовска, антимакедонска насока, не  е убаво така.

Спомнувајќи не,’ ни укажувате дека сме на вистинскиот пат.

 

Најнови вести од Македонија

To top