Македонија во очекување на премиерата

Протече првата снимка од филмот на Бојаџи „РАНО НАУТРО“ инспириран од настаните од 27-ми април (ВИДЕО)

Протече првата снимка од филмот на Бојаџи „РАНО НАУТРО“ инспириран од настаните од 27-ми април (ВИДЕО)

 

Како што е вообичаено за новите филмски остварувања, авторите ги чуваат „адутите“ до премиерата. Плусинфо дојде до куса снимка од филмот „Рано наутро“ на сценаристот и режисер Јани Бојаџи и ја сподели со своите читатели.

Филмот премиерно ќе биде прикажан пред македонската публика на 19 ноември во „Синеплекс“, а од наредниот ден ќе почне неговото киноприкажување низ целата земја

Јани Бојаџи за својот филм изјави дека е политичка драма во чиј фокус се две семејства, но впечатокот од првата снимка е дека можеби пред нас имаме, всушност, политички трилер, преточен во еден модерен филмски израз, карактеристичен за добрите и популарни филмски остварувања во регионот во последните неколку години.

Додека чекаме да видиме дали премиерата ќе ги оправда очекувањата, да ја погледнеме оваа куса снимка:

To top