На 07.10.2024 во 08.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ј.(27) од Гевгелија.
-При преглед во возилото „ауди“ без регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти (две од Сирија и 10 од Ирак). Претходно, околу 07.30 часот на локалниот пат Стојаково – Богданци, полициските службеници ги забележале мигрантите како влегуваат во возилото „ауди“, со кое било и возило „бмв“, а кои веднаш потоа го напуштиле местото. По преземени мерки и активности, прво било најдено возилото „ауди“ со мигрантите, а околу 17.00 часот во Богданци било пронајдено и возилото „бмв“, информира МВР.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а за настанот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.