Македонија

Промовирана новата едукативна електронска игра за средношколци ,,Сива Зона“

Промовирана новата едукативна електронска игра за средношколци ,,Сива Зона“

Настанот насловен како ,,Промоција на едукативната електронска игра за средношколци – Сива Зона“  се одржа на 26 септември во Netaville, а на истиот присуствуваа 70 средношколци од средните училишта на територија на град Скопје.

На настанот се одржаа две панел дискусии:

,,Едукативните електронски игри како алатка за општествени промени“ каде говореа Миа Бојковска, училишен психолог во СУГС ,,Димитар Влахов“ и Столе Пандов, советник за млади во кабинетот на премиерот.

,,Младите како креатори – од идеја до реализација“ каде средношколците имаа можност да разговараат со тимот кој ја креираше едукативната игра ,,Сива Зона“. На оваа панел дискусија говореа:

промо

Христина Јовчевска – проектен координатор на иницијативата, Огнен Кипријановски – координатор за односи со јавност, Мина Здравевска – координатор на едукативни содржини, Александар Талевски – креатор на играта, Филип Младеновиќ – креатор на играта, Филип Симоновски – дизајнер на позадина и амбиент, Мартин Настески – дизајнер на карактери.

По панел дискусиите публиката доби ексклузивна можност да ја тестира и испроба играта, воедно да даде свои коментари, мислења и заклучоци за позитивните и негативните аспекти од истата, пред јавно да биде достапна.

Играта јавно ќе биде достапна од 05.10.2025 година на нашата веб страна https://sivazona.mk/ каде секој ќе добие можност да ја превземе и да добие повеќе информации околу иницијативата.

,,Сива зона“ е едукативна електронска игра наменета за средношколци, чија цел е подигнување на свеста за корупцијата и последиците од неетичките избори.

промо

Играчот ја превзема улогата на средношколец во последната година од своето средно образование, затекнат на патот да одлучи каде ќе ги продолжи своите студии и високо образование. Добива прекрасна можност за стипендија на одличен универзитет во странство, но времето за аплицирање на стипендијата е кратко.

За да успее, играчот мора да помине низ серија предизвици и ситуации што ја одразуваат реалноста – подготовка на документи, административни процедури, разговори со институции и полагање на тестови. На секој чекор, играчот се соочува со избор: да оди по чесен пат и да вложи труд, или да избере коруптивни практики кои на прв поглед изгледаат како побрзо решение.

Одлуките кои ги превзема го водат играчот низ ‘сива зона’ – простор во кој границата помеѓу етички исправните постапки и нелегалните дејствија е неодредена и тешко разграничена. Секој избор има последици врз текот на приказната и крајниот исход: добивање на стипендијата на чесен начин, губење на можноста или постигнување на успех преку коруптивни практики што оставаат негативни траги.

Играта нуди повеќе сценарија и завршетоци, што ја прави повторно игрива и интерактивна, а истовремено поттикнува критичко размислување кај младите за важноста на интегритетот, етичките избори и последиците од корупцијата.

промо

Цели на играта кои стремиме да ги постигнеме се следните:

-Младите се соочуваат со реални коруптивни ситуации.
Се поттикнува критичко размислување, морална проценка и активна рефлексија на одлуките кои ги носи секој играч. (во процесот на играње на секој играч му се мери интегритет, репутација, време и пари)
-Се промовираат вредности како интегритет, чесност и отпор кон корупција.
-Се создава долготраен ресурс кој ќе се користи во наставни и неформални едукативни средини.

Иницијативата е спроведена од страна на седум млади студенти како неформална група, а истата се се спроведува во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање“ кој го спроведува Младински Совет Прилеп.

Проектот е дел од програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, финансиран од Европската Унија.

Најнови вести од Македонија

To top