Министерот за надвореѓни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вчера во Париз присуствуваше и се обрати на настан посветен на промоцијата на македонското вино, како дел од активностите за промоција на домашните производи, унапредување на економската дипломатија и зголемување на извозните можности на државата.
Во присуство на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претставници на домашните винарии, се обратив пред претставници од културниот и јавниот живот, политиката и локалната винска индустрија. Македонското вино, како еден од нашите најпрепознатливи извозни производи, претставува силен промотор на државата и важен сегмент на економската соработка. Остануваме посветени на континуирана поддршка на домашните производители и нивната уште поуспешна меѓународна афирмација, вели Муцунски.