На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска ќе бидат промовирани дипломирани и магистрирани студенти во академската 2023/24 година. На настанот ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
ФИНКИ е во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, основан во 2011 година.
Факултетот настана како резултат на здружување на дотогаш двата најголеми института од областа на информатиката и компјутерската техника во државава Институтот за информатика при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии.