Македонија

Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги

Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржат прес-конференција по повод пуштање во функција на четири нови електронски услуги од ФЗО.

Како што се наведува во заедничкото соопштение од Министерството за дигитална трансформација и од ФЗО, станува збор за три електронски услуги наменети за физички лица и една за правни лица, коишто ќе бидат достапни на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Прес-конференцијата ќе се одржи во Медиа центарот на Владата.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top