Следува период на променливо време. Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег, информира УХМР.
Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи се очекуваат од четврток.