Македонија временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, од утре стабилно и релативно топло

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, a вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, во текот на следната седмица ќе биде стабилно и релативно топло.

-Нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла, поради што дневната температура ќе биде пониска, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Најнови вести од Македонија

To top