Во Скопје претпладне ќе биде со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до четврток времето ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност.
Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во петок во текот на денот и во сабота врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места.