Македонија Прогноза

Променливо облачно со локален слаб дожд

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Променливо облачно со локален слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, со над 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно време, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и постудено време. На планините и на некои од повисоките места ќе има врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со над 60 километри на час.

Од понеделник ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури.  (МИА)

To top