Македонија Топ тема

Професор Прешова: Законот за патни исправи да го сменат на истиот начин како што го направија тоа со Законот за безбедност во сообраќајот

Прешова посочи дека уставниот амандман не се однесува на документите, а од друга страна го имаме член 27 од Уставот кој го регулира односно го гарантира правото на слободно движење.

Професор Прешова: Законот за патни исправи да го сменат на истиот начин како што го направија тоа со Законот за безбедност во сообраќајот

Мислам дека утре треба да го направат тоа. Законот за патни исправи да го сменат на истиот начин како што го направија тоа со Законот за безбедност во сообраќајот бидејќи Одредбата во Преспанскиот договор се однесува и на едните и на другите документи, истакна во „Топ тема“ на Телма професор Денис Прешова.

-Мислиме дека нешто правиме во однос на Преспанскиот договор поразлично со тоа што сме го измениле законот Законот за безбедност во сообраќајот во делот на возачките дозволи, а не Законот за патни исправи? Мене ми е нејасно, никој не излезе со образложение . Ние до ден денеска не слушнавме кое е оправдувањето за тоа да не се пристапи кон измена на Законот за патни исправи во овој дел особено, рече тој.

Прешова посочи дека уставниот амандман не се однесува на документите, а од друга страна го имаме член 27 од Уставот кој го регулира односно го гарантира правото на слободно движење.

-Државата сама се доведува во ситуација да бира меѓу двете и го одбра за жал уставниот закон и рокот кој е превиден таму, рече тој.

Неговата изјава проследете ја во продолжение:

 

ВМРО-ДПМНЕ веќе го има поднесено овој предлог за Закон, но Власта не го става истиот на дневен ред и по него не одлучува.

„Има решение на проблемот и тоа е многу едноставно. Ако има политичка волја за еден ден ќе ги решат маките на луѓето. Имаме Предлог на закон за изменување на Законот за патни исправи на државјаните, еве го спремен е готов е и еве го другиот. Овој дури сум го потпишал. Предлог на закон за изменување на закон безбедност на сообраќајот на патиштата. За еден ден решение има, само треба да сакаат да имаат политичка волја. И немојте да ја залажуваат јавноста дека ќе сме прекршеле договор. По нивната логика, докторска а не правничка, договорот е веќе прекршен. Но ние не го прекршуваме договорот во предлог измените. Овде велиме „во рамки на технички функционални и возможни, објективни услови кои што ги имаме да го усогласиме истиот согласно возможното и реалното“, истакна пред два дена министерот Панче Тошковски.

To top