Македонија Професор Чибишев за КУРИР

Пожарот кај тетовско е ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, потребна е евакуација- институциите да покажат сериозност

-При горење на бои и лакови се ослободуваат тешки метали и чад кои можат да предизвикаат сериозни оштетувања на горни и долни дишни патишта, особено кај децата. Ако истите траат подолго можат да го иритираат централниот нервен систем, односно да дојде до многу сериозни оштетувања и трајно да се оштети мозокот. Затоа институциите треба да покажат сериозност и да го евакуираат населението до прочистување на воздухот, вели професорот Чибишев во изјава за КУРИР.

Пожарот кај тетовско е ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, потребна е евакуација- институциите да покажат сериозност

Еколошка катастрофа се случи денеска кај тетовско Фалиште. Во пожар во магацинот на фирмата Еуроком изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, количина од околу 100 тона. Нивното согорување создава отровни и штетни гасови во и онака веќе загадениот воздух.

И додека надлежните препорачуваат да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, а граѓаните да останат дома и со затворени прозорци, професорот Андон Чибишев, клинички токсиколог, апелира до институциите посериозно да го сфатат случајот и да ги заштитат гаѓаните, односно да го евакуираат населението во радиус од 1.000 метри додека не се прочисти воздухот кој во моментов е за 10 пати позагаден од загадениот воздух.

-При горење на бои и лакови се ослободуваат тешки метали и чад кои можат да предизвикаат сериозни оштетувања на горни и долни дишни патишта, особено кај децата. Ако истите траат подолго можат да го иритираат централниот нервен систем, односно да дојде до многу сериозни оштетувања и трајно да се оштети мозокот. Затоа институциите треба да покажат сериозност и да го евакуираат населението до прочистување на воздухот, вели професорот Чибишев во изјава за КУРИР.

За Чибишев ова е еколошка катастрофа од големи размери.

Пожарот во магацинот на фирмата започна утринава околу 10 часот и се уште е активен.

To top