Македонија

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

Продолжува седницата на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Во Собранието денеска продолжува со работа Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Ќе се сослушуваат сведоци и експерти и ќе се разгледуваат акти и документи поврзани со случувањата на Онкологија.

На 13-ти овој месец членовите на Комисијата ги почнаа дополнителните 30 дена за сослушување експерти и носители на јавни фунцкии, како и за анализа на документацијата и стенограмите од исказите на 60-ина сведоци кои беа претходно сослушани.

Анкетната комисија во Собранието беше формирана по објавата на случајот за злоупотреба на лекови од Клиниката за онкологија.

По комплетирањето на исказите и документацијата, како што најави претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи, ќе бидат донесени заклучоци кои ќе бидат доставени до Јавното обвинителство.

Најнови вести од Македонија

To top