Македонија Министерство за образование и наука

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

Нова група 48 американски волонтери на Мировниот корпус во следните две години ќе биде ангажирана во училишта во Македонија и ќе помага за јакнење на јазичните вештини на учениците и за развојот на поинклузивна училишна средина. Волонтерите денес дадоа свечена заклетва во присуство на претседателката на државата проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министрите за образование и наука и за локална самоуправа проф. д-р Весна Јаневска и Златко Перински, американската амбасадорка Анџела Агелер, директорот на Мировниот корпус, Дејвид Рисајд, повеќе градоначалници и училишни директори.

Посакувајќи им успешен почеток, министерката Јаневска рече дека новата група ќе биде големо засилување на веќе ангажираните 52 американски волонтери во образовните установи во Македонија.

„Вашето присуство не е само симбол на волонтерство, туку и сведоштво за желбата за градење мостови меѓу луѓето. Сакам да нагласам дека вашиот ангажман нема да се ограничи само на унапредување на јазичните вештини или на создавање поинклузивна
училишна средина. Вие ќе придонесете за нешто многу поголемо, за зајакнување на партнерството меѓу нашите држави, градење взаемна доверба, разбирање и посилно пријателство меѓу нашите народи“, рече Јаневска.

Волонтерите ќе бидат ангажирани во 20 основни училишта, 5 средни училишта, 2 ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби, едно училиште за лица со оштетен вид и една градинка. Јаневска е сигурна дека тие ќе остават трага во заедниците во кои ќе живеат и работат, но и дека многумина од нив ќе се вратат дома со, како што рече, дел од Македонија во срцето.

„Ние одамна сме научиле дека вистинските пријателства се градат со доверба, соработка и искрено почитување. Оддаваме посебна чест на американскиот народ и на Соединетите Американски Држави, кои повеќе од 30 години се наш стратешки партнер во стремежот кон изградба на понапредна, поцврста и пообединета држава. Поддршката која ја добиваме останува значајна за развој и модернизација на нашето општество, и за тоа упатувам длабока и искрена благодарност“, рече Јаневска.

Соработката на Македонија со Мировниот корпус датира од 1996 година, кога беше воспоставен првиот Проект за унапредување на наставата по англиски јазик преку договор меѓу двете влади.

Мировниот Корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Најнови вести од Македонија

To top