Македонија ухмр

Продолжува периодот на облачно време со повремен дожд

Времето во текот на денешниот ден се очекува да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје се прогнозира променливо облачно време со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Синоптичарите информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавите, денеска и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите од недела се очекува да бидат во опаѓање.

To top