Македонија

Продолжува комисиската расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка

Продолжува комисиската расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи ново продолжение на седницата на која на дневен ред е утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева.

Закажана е и седница на Законодавно-правната комисија, за расправа по Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, сите по скратена постапка.

To top