Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.
За претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, Евгенија Теодосиевска, Жарко Башески, Оливера Наковска Бикова и Весна Петрушевска.
Комисијата за одликувања и признанија ја сочинуваат поединци кои во текот на својата професионална кариера имаат остварено значајни постигнувања и стекнато висока репутација во македонското општество.
Тие се признати експерти, кои со своите трудови и постигнувања се истакнале во различни области на општествениот живот како што се науката, културата, уметноста, образованието, здравството, спортот.