Припадниците од Армијата работат на спречување на огнената стихија со цел да не се шири кон селата Брезница и Тажево.
Тие на терен се „борат“ со пожарот, а фотографии од нив објавија од Армијата на Република Македонија на Фејсбук.
„Припадниците на првиот пешадиски баталјон, кои делуваат во реонот на АП Криволак, Градско, Чашка и Пенуш и третиот пешадиски баталјон, кои исто така делуваат во реонот помеѓу село Брезница и село Тажево кои спаѓаат во општина Македонски Брод.
Припадниците од Армијата во соработка со противпожарната екипа од Македонски Брод работат на спречување на огнената стихија со цел да не се шири кон селата Брезница и Тажево“, се наведува во објавата.