Припадниците од 1.пешадиски баталјон од Кичево активно се вклучија во гасење на пожарот во реонот на с.Брезница и с.Тажево, Македонски Брод.
Нивните колеги од 2 и 3. пешадиски баталјон, како и од командата за обука и доктрини и воздухопловниот ВИНГ во текот на денот се ангажираат во гаснење на пожарите во општините Чашка и Штип, стои во објавата на Армијата на Република Северна Македонија.