Македонија ПИОМ

Примената на Договорот за електронска размена на податоци помеѓу Фондовите на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Црна Гора се одвива без проблеми и ги дава очекуваните резултати

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов,  во Подгорица имаше работна средба со директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора, Владимир Дробњак.

Примената на Договорот за електронска размена на податоци помеѓу Фондовите на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и Црна Гора се одвива без проблеми и ги дава очекуваните резултати

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов, во Подгорица имаше работна средба со директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора, Владимир Дробњак.

На состанокот претставниците на двата Фонда разговараа за досегашната примена на Договорот за електронска  размена на податоци помеѓу двата Фонда и за Техничкиот протокол за имплементација на Договорот, како и за чекорите што треба да се преземат во иднина за да се подобри соработката.

„Многу сме задоволни што соработката со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија е одлична и придонесува за подобро остварување на правата од оваа област“, рече домаќинот на средбата, директорот на црногорскиот Фонд на ПИО, Владимир Дробњак. Тој додаде дека средбата е можност да се согледаат досегашните резултати и да се види каде може да има подобрување на истите. Директорот Дробњак, исто така, информира дека по даночната реформа која што е спроведена во Црна Гора,  дефицитот на нивниот Фонд изнесува 57,9 проценти и тој се надополнува со трансфери од централниот буџет, а пензиите во изминатиот период ги имаат зголемено за 12,34 проценти.

„Добро е што во интерес на продлабочувањето на соработката со Фондот на Црна Гора ги согледуваме состојбите и ќе можеме да се договориме за понатамошните чекори за подобрување на истата“, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов. Тој ги информира домаќините дека во периодот од септември 2024 година, до сега пензиите се зголемени за 29,6 проценти, што значи дека за пензионерите се издвојуваат речиси 500 милиони евра повеќе.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Помошничката на директорот за остварување на права во црногорскиот Фонд, Милка Вранеш извести дека од први јануари 2026 година примената на Договорот со Македонија, како и на оние склучени со Федерацијата на Босна и Херцеговина и на Република Србија ќе биде во надлежност на подрачните одделенија.

Директорката на секторот за права во македонскиот Фонд на ПИО, Билјана Стојанова информира дека е направена измена на членот 127 од Законот за ПИО, со која се воведува месна надлежност, односно барање за пензија може да се поднесе во местото на живеење на подносителот, а не како досега онаму каде што било последното вработување.

Директорот на Секторот за ИТ во Фондот на ПИОМ, Нехат Мустафа, нагласи дека примената на Договорот за електронска размена на податоци се одвива по зацртаниот план, а помалите технички проблеми се отстрануваат успешно во заедничка соработка со црногорскиот Фонд.

На состанокот беше заклучено дека за да се подобри ефикасноста е потребно задолжително да се зема изјава во која странките ќе наведат каде и во кој период работеле, во случаите кога подносителите на барање за старосна пензија немаат работна книшка.

Инаку Договорот за електронска размена на податоци беше склучен во февруари годинава во Скопје, а неговата цел е  да се придонесе во подобрувањето на остварувањето на правата од оваа област на корисниците на пензија во двете држави. Договорот предвидува електронска размена на податоците за фактот на смрт на корисниците на правата од пензиското и инвалидското осигурување и ги регулира целта, начинот на размена, обемот и видот на податоците кои се разменуваат и управувањето со нив, како и нивната запштита.

Најнови вести од Македонија

To top