Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување.
Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид.
Производи опфатени со повлекувањето се:
· APTAMIL AR 2
Сериски број (лот)
Рок на употреба
20250924 / 111492248
24.09.2026
20251106 / 111505015
06.11.2026
· APTAMIL PRONUTRA 2
Сериски број (лот)
Рок на употреба
20250619 / 111450979
19.06.2026
20260720 / 111470149
20.07.2026
20260922 / 111494041
22.09.2026
20261027 / 111509436
27.10.2026
20261130 / 111518857
30.11.2026
20261219 / 111526365
19.12.2026
20270121 / 111539141
21.01.2027
· APTAMIL PRONUTRA 1
Сериски број (лот)
Рок на употреба
20260722 / 111473082
22.07.2026
20260904 / 111489543
04.09.2026
20261014 / 111504828
14.10.2026
20261126 / 111519122
26.11.2026
-Апелираме потрошувачите кои имаат купено од наведените производи со дефинираните сериски броеви и рокови на употреба, да не ги користат, нештетно да ги уништат, или да ги вратат на местото од каде се купени, соопшти АХВ.