Македонија Претседателски избори 2024

Претседателските кандидати ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори

Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори, соопштија од ДИК.

Претседателските кандидати ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Пред потпишувањето воведно обраќање ќе има претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а ќе биде прочитана и содржината на Кодексот.

Откако кандидатите за претседател на државата ќе го потпишат Кодексот, предвидено е да имаат поздравни говори.

Настанот ќе заврши со две групни фотографирања, едното на сите кандидати и другото, на сите кандидати со членовите на Државната изборна комисија.

Најнови вести од Македонија

To top