Македонија Само три ученички во прво одделение во ОУ „Кирил и Методиј“

Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во Злетово

Поттикнати од својата љубопитност, дечињата упатиле бројни прашања за професионалниот, но и за приватниот живот на претседателот.

Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ во Злетово

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице“, денеска беше во подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово, соопшти неговиот кабинет.

При престојот во училиштето, претседателот Пендаровски ги посетил единствените три ученички во прво одделение и учениците од трето одделение, каде наставата е инклузивна, односно една од ученичките следи настава со образовен асистент,информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Со првачињата и со третоодделенците претседателот поразговарал за нивните омилени предмети, за поголемите и помалите предизвици со кои се соочуваат при совладување на наставата. Поттикнати од својата љубопитност, дечињата упатиле бројни прашања за професионалниот, но и за приватниот живот на претседателот.

Во училиштето претседателот Пендаровски поразговарал и со учениците од седмо одделение кои следеале час по информатика.

Подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово е изградено во 1966 год. Во него има вкупно 149 ученици од прво до деветто одделение кои учат по иновативни наставни програми. Училиштето во Злетово функционира во состав на ООУ „Браќа Миладиновци” во Пробиштип, кое пак беше избрано за меѓународното тестирање TIMSS 2023 год, меѓународна студија за мерење на трендовите во математиката и природните науки.

To top