Македонија

Претседателот Пендаровски го прими британскиот амбасадор Метју Лосон

– Претседателот Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на македонските стратешки приоритети и се заблагодари за постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес, се наведува во соопштението од кабинетот на Претседателот на РСМ.

Претседателот Пендаровски го прими британскиот амбасадор Метју Лосон

Билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот, при што соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство, биле темите на кои денеска на средба разговарале претседателот на државата Стево Пендаровски и мбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата биле разменети и мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

To top