Претседателот Стево Пендаровски, вечерва, по завршувањето на седницата во Собранието за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, во својот Кабинет ги прими членовите на новиот состав на Владата, соопштија од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
На членовите на преодната Влада, претседателот Пендаровски им посака ефикасно работење и успешно спроведување на претстојните парламентарни избори.