Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска со почеток од 10:30 часот ќе присуствува на изведување на методска показна вежба: Лесна Пешадиска Борбена Група (ЛПБГ) во Армискиот полигон „Криволак“, информираат од Владата.
По завршување на настанот, предвидено е во 12:15 часот изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски.