Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска учестуваше на официјалната церемонија на отворањето на 23. Доха Форум под покровителство на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад бин Тани.
-„Правдата на дело: повеќе од само ветување за напредок“ е тема на годинашниот форум. Доха форумот претставува глобална платформа за дијалог, дипломатија и конкретни акциски решенија, наменета за постигнување фер, транспарентен и одржлив свет. На маргините на Форумот, претседателот Гаши оствари билатералана средба со шеиката Ал Мајаса Бин Хамад бин Калифа-Ал Тани, претседателка на музеите и културно наследство на Катар. Претседателот Гаши истакна дека високо ја цени визијата на Катар во развојот и промоцијата на културата, музејските вредности и културното наследство. Тоа може да претставува силен мост за поврзување на нашите народи имајќи предвид дека Северна Македонија е богата со културно и историско наследство, а истовремено е отворена за соработка, размена на знаења и модерни пристапи во заштитата, дигитализацијата и презентацијата на културата, соопшти собраниската прес-служба.
Двајцата соговорници се согласисе дека унапредувањето на соработката може да продолжи во областа на филмската индистија „со оглед дека Македонија има динамична и меѓународно препознаена филмска сцена“.
-Се верува дека може да се отворат значајни можности за соработка со филмските институции и филмските фестивали во Катар — преку заеднички продукции, филмски фестивали, размена на професионалци и поддршка за млади режисери и продуценти. Со комбинирање на креативниот потенцијал на двете земји, може да се создадат проекти што ќе привлечат меѓународно внимание, стои во соопштението.