Македонија Бургеншток

Претседателката Сиљановска Давкова во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина

Предвидено претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот, стои во соопштението.

Претседателката Сиљановска Давкова во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, на 15 и 16 јуни 2024 година во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија ќе учествува на Самитот за мир во Украина, соопштија од кабинетот на Претседателката.

Тие потенцираа дека е предвидено претседателката Сиљановска Давкова да има свое обраќање на самитот и да оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот.

-Собирот има за цел да воспостави форум за дијалог на високо ниво за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, да промовира заедничко разбирање за можна рамка за постигнување на оваа цел и да дефинира патоказ за тоа како да се вклучат двете страни во иден мировен процес, нотираа од кабинетот на Претседателката.

Најнови вести од Македонија

To top