Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
При посетата, претседателката Сиљановска, како што соопшти нејзиниот Кабинет, ќе направи обиколка на дел од единиците на Армијата во оваа касарна и ќе присуствува на тактичко – техничкиот збор организиран од Вториот пешадиски баталјон, по што ќе присуствува на заедничкиот ручек.
Посетата на припадниците на Армијата на првиот ден од Новата година е традиционална активност на претседателот и врховен командант на вооружените сили.