Македонија средба

Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, сочинета од Александар Јаневски, претседател на сојузот, Лилјана Затуровска и Трајче Димков, потпретседатели на сојузот и Трајче Карапетров од тетовското Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова.

На средбата, која се одржува во пресрет на традиционалното одбележување на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, делегацијата од МАКЕДОН информираше за подготовките на настанот, како и за одржувањето на годишното Собрание на кое се очекува да се донесат одлуки за прием на здруженија во Сојузот, за избор на членови на Претседателството на Сојузот и годишна програма за работа. Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи ја својата поддршка за работата и активностите на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, нагласи дека судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се сокрива и релативизира. Претседателката упати порака дека почитувањето и знаењето на минатото дава голем простор за пријателска иднина кон која се стремиме за доброто на сите на Балканот и во Европа, се вели во соопштението.

Соговорниците на средбата изразија очекување дека одбележувањето на двата трагични настани, кое ќе се одржи на 30 јуни 2024 година, недела, пред Споменикот на децата бегалци во Парк Жена-Борец во Скопје, ќе помине достојно бидејќи со почитување на судбината и трагедијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ја почитуваме и трагедијата на недолжните деца ширум светот – жртви на војните, додаваат од таму.

Најнови вести од Македонија

To top