Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изрази очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации.

На средбата со грчката амбасадорка беа разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотираше важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.

Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји.

Најнови вести од Македонија

To top