Македонија Скопје

Претседателката Сиљановска Давкова го прими на средба азербејџанскиот амбасадор

Сиљановска Давкова истакна дека двете земји имаат богато културно наследство и долга историја со коишто може да се постигнат солидни резултати во областа на туризмот.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими на средба азербејџанскиот амбасадор

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Азербејџан, Камил Касијев.

На средбата се разговараше за продлабочување и унапредување на билатералните односи во различни сфери што се од заемен интерес за двете земји. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека покрај другите облици на соработка, размената на посети на високо ниво меѓу двете земји може да придонесе за интензивирањето на билатералните односи и политичкиот дијалог.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека двете земји имаат богато културно наследство и долга историја со коишто може да се постигнат солидни резултати во областа на туризмот. Таа додаде дека со зајакнување на соработката во оваа област и преку прикажување на нашиот туристички потенцијал, може да се отвори патот за зголемена туристичка размена и меѓусебно разбирање.

Претседателката го изрази и нашиот интерес за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзифицирање на изворите за снабдување со енергенси.

Најнови вести од Македонија

To top