Македонија по повод денот на жената

Претседателката на Кривичен ги посети притвореничките во затворот Скопје: Жената не смее да биде лишена од достоинство без оглед на околностите во кои се наоѓа

Таа покрај разговорите со притворените жени, оствари разговори и директорот на управата, Утковски и заеднички се договорија да се иницираат дополнителни разговори со надлежните институции за унапредување на условите и за јакнење на механизмите за заштита на правата на жените во притворското одделение.

Претседателката на Кривичен ги посети притвореничките во затворот Скопје: Жената не смее да биде лишена од достоинство без оглед на околностите во кои се наоѓа

В.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, денес го посети притворското одделение кое се наоѓа во рамките на Затворот Скопје, а во кое во моментот се сместени 12 жени за кои кривичната постапка е во тек и сеуште не е донесена правосилна судска одлука.

-Оваа посета не беше само институционална должност, туку човечки чин и порака дека ниту една жена, без оглед на околностите, не смее да биде лишена од своето достоинство, од правото на фер постапка и од основното начелно – презумпцијата на невиност. За време на посетата посебен акцент беше ставен на потребата од родовосензитивен пристап во притворските услови, како и на обезбедување психолошка поддршка за жени кои често се соочуваат со дополнителни социјални и економски ранливости, објави Управата за извршување на санкции.

-Жената не ја губи својата вредност затоа што се наоѓа зад ѕидови, таа останува мајка, ќерка, сестра, личност со право на почит и праведност, истакна Димовска.

Таа покрај разговорите со притворените жени, оствари разговори и директорот на управата, Бобан Утковски и заеднички се договорија да се иницираат дополнителни разговори со надлежните институции за унапредување на условите и за јакнење на механизмите за заштита на правата на жените во притворското одделение.

По повод денот на жената – 8-ми Март, претседателката на судот Димовска и директорот на КПУ Затвор Скопје упатија честитка до жените сместени во притворското одделение, посакувајќи им сила, достоинство и надеж, нагласувајќи дека почитта кон жената треба да постои без оглед на околностите во кои се наоѓа.

Најнови вести од Македонија

To top