СДСМ со снимени пресови без новинари и без прашања, се служат со неодговорен и клеветнички стил, свесни дека никој жив не го интересира што имаат да кажат.
Доказ за тоа е одзивот на нивните Јутуб видеа кои имаат по тројца гледачи. Толку мал интерес што дури ни семејствата на тие што ги држат пресовите не сакаат да ги гледаат.
Во обид да го прикријат продолжениот одмор на Филипче, кој е недостапен со денови, извршителите на Заев очајно снимаат говори пред празни ѕидови.
Наместо отчет пред граѓаните за криминалите, корупцијата и сопствените порази, тие бегаат во паралелна реалност каде единствена публика им е нивната сопствена камера.
Свесни дека ги очекува катастрофален пораз на локалните избори, набрзинка смислиле „одговор“ на саемот на отчетот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Но, колку и да се обидуваат, граѓаните секојдневно гледаат конкретни проекти и резултати, а кај СДСМ гледаат само празни зборови и тројца гледачи на YouTube.
Ова е сликата и вистината за СДСМ денес, празни говори, празни сали и празна поддршка.